После објавените кратки видеа на Instagram од новата колекција на дизајнерот Tommy Hilgifer, конечно се појавија и конечните резултати од неговата соработка со Џиџи Хадид. TommyxGigi оваа пролет својата морнарска инспирација од минатата година ја заменија со вистински калифорниски стил, во чест на Џиџи која е калифорниска девојка, а претставувањето овој пат ќе се одржи во Лос Анџелес наместо во Њујорк.
Траперки, балонки, еспадрили и пругасти костими за капење – колекцијата ги покрива вкусовите и желбите на сите обожаватели. Колекцијата ќе се појави на модната писта на 8 февруари.