Категории

Погледнете како Џиџи Хадид ја имитираше Меланија Трамп

За време на синоќешното доделување на Американските музички награди кои ги водеше манекенката Џиџи Хадид, таа покажа дека покрај моделството има уште еден скриен талент – имитирањето луѓе.

Додека го држеше монологот на отворањето, заедно со ко-водителот Џеј Пароа, Џиџи успеа да ја долови новата Прва дама на Америка, Меланија Трамп.

Но, она што очигледно највеќе ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи е тоа што Џиџи суптилно се пошегува на сметка на наводите за копирање на нејзиниот говор од Мишел Обама.

“Го сакам мојот сопруг, претседателот Барак Обама и нашите деца, Саша и Малија”, се пошегува водителката на синоќешното шоу, алудирајќи дека Меланија до толку го “украла” говорот на поранешната Прва дама, што би се збунила и околу името на својот сопруг и децата.

Прегледи:
411
Објавено на:
21.11.2016