Категории

Погледнете како изгледа колекцијата која Викторија Бекам ја дизајнираше за Рибок!

Пред малку повеќе од половина година објавено е дека Викторија Бекам работи на посебна колекција во соработка со легендарниот спортски бренд Рибок, а колекцијата конечно е објавена.

КОлекцијата е инспирирана од кошаркарскиот стил од деведесеттите и легендарниот кошаркар Шекил  О’Нил, а се состои од маици по кратки ракави, маици со качулки и чорапи во црно-бели верзии со црвени детали, а целата колекција е унисекс.

Колекцијата ќе биде достапна од 26. јули, а сите парчиња погледнете ги во продолжение.