Ангелите на “Victoria’s Secret” во последните неколку недели работат со полна пареа. Светот е во исчекување на уште една ревија, која секоја година се одржува непорсредно пред божиќните празници.
Оваа година ревијата ќе се одржува на 28 ноемви, во Шангај, а дека девојките се подготвени за појавување на пистата во секси долна облека покажаа со нивното неодамнешно појавување на плажата Венис. Девојките снимаа реклама за спортски парчиња облека, а станува збор за Јасмин Тукес, Жозефин Скривер и Роме Страјд, кои одлично се забавуваа.