Категории

Погледнете како ракописот го открива вашиот карактер

Карактерот и одредени афинитети се препознаваат според ракописот. Само треба да се посвети внимание на неколку работи…

Пишувате со мали или големи букви?

Екстровертните личности најчесто пишуваат со поголеми букви, додека мали букви користат срамежливите, интровертни типови на луѓе при пишувањето. Ракописот во кој буквите се со средна големина, откриваат човек кој има голема способност за фокус и концентрација, а тоа се скриените предности на интровертните луѓе.

Колкав простор оставате помеѓу зборовите?

Луѓето кои оставаат голем простор меѓу зборовите сакаат да уживаат во слободата и независноста. Оние кои пишуваат збиено се дружељубиви личности, а постојат и оние чии зборови се збиени еден врз друг, а тоа открива дека се наметливи личности и сакаат да бидат секогаш во гужва.

Колку читко пишувате?

Лесно читливиот ракопис е знак дека се чувствувате удобно во својата кожа. Ракописот кој се чита тешко открива дека ја цените својата приватност или се работи за човек кого е тешко да го прочитате.

Пишувате надесно или налево?

Доколку правецот на косината на буквите во нечиј ракопис оди надесно, открива дека станува збор за човек кој сака да запознава нови луѓе. Доколку наската на пишување е налево, тоа значи дека личноста е затворена и резервирана кон останатите луѓе и е склона кон постојано преиспитување на себеси и својот разум.

Ракописот може да ја открие и склоноста кон лажење

Доколку насоката на пишување наеднаш се промени, постои голема шанса тој што пишува да не ја зборува вистината. На пример, доколку почетокот на текстот е напишан налево, па одеднаш се промени правецот кон десно.

Интерпункциски знаци

Прекумерното користење на интерпункциски знаци, укажува дека станува збор за исклучително емотивна личност. Меѓутоа, тоа исто така може да биде знак за опсесивна личност.

И брзината на пишување е значајна

Луѓето кои пишуваат брзо веројатно се понестрпливи по природа и не сакаат да го трошат своето време залудно. Оние кои пишуваат полека се самоуверени и методични.

Прегледи:
651
Објавено на:
22.01.2018