Категории

Погледнете какво предупредување му изгравирала на венчалниот прстен на сопругот

Дали сте загрижени дека вашиот сопруг може да ве изневери?Сакате да го спречите во тоа? Аманда Таламн смислила одлично решение за овој проблем, така што на венчалниот прстен на својот сопруг му ја изгравирала следната порака: „Put it back on“ (Врати го на прстот). 

Нејзиниот сопруг секој пат кога ќе го извади прстенот  ќе ја види оваа порака и двапати ќе размисли за тоа што има намера да го направи.

„Некои луѓе велат дека тоа го направила од несигурност, но не станува збор за тоа. Многумина ни велат дека нашиот брак е најдобриот кој го виделе. Кога ги нарачувавме прстените Аманда ја „прошверцувала“ пораката која сакала да се изгравира. Кога го видов прстен само се насмеав. Тоа е Аманда, таа е таква – изјавил сопругот на оваа досетлива жена, Дан Талман.

Прегледи:
396
Објавено на:
06.02.2016