Категории

Погледнете што добива бебето кое што се роди во метро во Париз?

Компанијата за градски сообраќај во Париз (РАТП) соопштила дека бебето кое се роди во неделата во метро, ќе добие бесплатен превоз во француската престолнина до својата 25. година.

РАТП на својот Твитер профил соопшти дека се роди бебе во метро во центарот на Париз, поради што бил прекинат и сообраќајот на линијата А. Спасувачите ги згрижиле мајката и детето и ги одвеле до најблиската болница. Новоста за ненадејното раѓање била прикажана на екраните на метрото. РАТП срдечно и честитале на мајката, а потоа објавиле дека сообраќајот е повторно нормализиран.

Голем број граѓани на Париз го поздравиле овој потег на социјалните мрежи.

 

Прегледи:
444
Објавено на:
22.06.2018