Категории

Погледни околу себе подобро – Веќе ги имаш голем дел од нештата за кои некогаш си се молел

Животот е премногу краток за да го прескокнете она што го радува вашето срце и ви ја исполнува душата. Ќе зборуваме утре. Ќе има прилики. Ќе се видиме. Кој ви го кажува тоа? Гледајте на животот каков што е токму сега. Оставете го минатото да биде минато и живејте во сегашноста. Заборавете на идеата што можело да биде. Што те прави среќен? Направи го токму тоа. Кој те прави среќен? Јави му се! Каде би одел? Оди! Што сакаш да правиш? Направи го! Нешто друго освен тоа нема никаква смисла.

Какви луѓе сме ние? Веруваме дека еден ден работите ќе се сменат по некое чудо и ќе бидат исполнети сите услови за нашата среќа. Не! Тој „еден ден“ не доаѓа. Никогаш. Животот не учи дека само она што го имаш сега, она што го носиш во срцето и во што веруваш припаѓа во твојот живот. Приказните дека еден ден се ќе биде поинаку се само тоа, приказни. Погледнете околу себе и побарај ја магијата во светот во кој живееш. Таа зависи од тебе. Има нешто во моментов што може да ве направи среќни. Не се откажувајте од оние мали нешта што ве исполнуваат, и луѓето кои го прават тоа, и тогаш ќе имате се.

Прегледи:
391
Објавено на:
13.03.2022