Категории

Погрешните луѓе во вашиот живот се само патоказ кон оние вистинските

Секогаш постоеле спротивностите со цел да можеме да ги разграничиме, затоа постојат лоши луѓе во нашиот живот за да умееме да ги препознаеме оние добрите.

Понекогаш баш оние најлошите те учат како да се запознаеш себеси подобро, како да откриеш што всушност сакаш и очекуваш од другите и каков треба да биде нивниот однос спрема тебе. Преку разочарувањето во нив учиш како подобро да ја спознаеш кој е и не е доволно добар за да биде покрај тебе. Преку предавството учиш за верноста и искреноста, преку лагата учиш за вистината. Секогаш постоеле спротивностите со цел да можеме да ги разграничиме, затоа постојат лоши луѓе во нашиот живот за да умееме да ги препознаеме оние добрите.

За да дојдеш до оние вистинските ќе мораш да поминеш низ многу погрешни луѓе, погрешни пријателства и љубови. Такви кои ќе ти го распарчат срцето и ќе направат да изгубиш доверба и да бидеш попретпазлив. Ќе ти одземат дел од твојата душа и ќе те научат како самиот најдобро да го пополниш. Без нив никогаш не би умеел да препознаеш кога некој подмолно се сокрива позади маска, не би знаел како да се однесуваш следниот пат кога ќе наидеш на некој од нив.

После нив се многу појасно. Но кога ќе заминат ќе сфатиш дека било многу подобро тоа што те напуштиле, затоа што им отстапиле место на оние вистинските, оние кои дошле да останат во твојот живот засекогаш, оние кои ти го пружиле сето она кое сите претходни не умееле.

Прегледи:
698
Објавено на:
27.06.2020