Категории

Погрижи се да имаш во што да веруваш додека не дојдат подобри денови – Тие секако не се далеку

Помалку се плашите од животот кога сè не сфаќате премногу сериозно. Ниту себеси, ниту другите. Денеска си овде, утре којзнае каде. И кога ќе ги спуштите сите ѕидови околу вас што сте ги изградиле ќе сфатите дека најголемите непријатели отсекогаш биле оние внатре во човекот, а не оние надвор. А тоа што денес ти велат „супер си“, никој не гарантира дека утре нема да те навреди со најужасен збор. Во секој случај, оставете нека зборуваат! Никој не знае какви рани носиш, по каков пат си изодел и каква приказна имаш зад себе, и треба да знаат.

Помалку се плашите од животот кога ќе научите да кажете дека сте добро. И тогаш кога не е. Кога ќе стискаш заби и ќе свртиш нова страница. Подготвени да изгубите некоја привилегија наместо образ. И не е утеха да се каже: утре ќе биде подобро. Треба да преживеете денес кога никој не е на ваша страна и има еден куп неостварени соништа. Не ги гледај другите, тие се исти како тебе.. Само погрижете си да имаш во што да верувш додека не дојдат подобри денови. Со малку повеќе надеж, тие секако не се далеку.

Прегледи:
323
Објавено на:
26.01.2022