Категории

Пократкото работно време подобро влијае врз продуктивноста и здравјето

Откако Шведска пред една година експериментално воведе шестчасовно работно време, стигнаа и првите посериозни резултати од овој експеримент.

d4220a591be4a49fae63ec62025b9215

Идејата на експериментот беше да се истражи како пократкото работно време влијае врз продуктивноста, но и на здравјето, а резултатите потврдија дека повеќето медицински сестри што работеле шест часа, биле многу попродуктивни од колешките што работеле подолги смени.

Исто така, 68 медицински сестри искористиле двојно помалку денови за боледување од групата што работела „нормално“ работно време. Но тоа не е сѐ, сестрите со пократко работно време биле 20 отсто посреќни и заради тоа спроведувале дури 64% повеќе активности со пациентите.

Со оглед дека експериментот бил изведен во здравствениот сектор, не е познато какви би биле ефектите со пократко работно време во финансискиот сектор, но сите показатели упатуваат на тоа дека пократкото работно време е навистина подобро за сите.

Извор: Макфакс

Прегледи:
375
Објавено на:
02.12.2016