Категории

Полицијата предупреди: Не ги користете новите ФБ реакции

Социјалната мрежа Фејсбук во фебруари воведе шест нови реакции со кои може да го изразите своето мислење за нечија објава, фотографија или кога ќе се појави било што на ѕидот на вашиот профил.

Меѓутоа, белгиската полиција ги предупредува граѓаните да не ги користат новите реакции на Фејсбук доколку сакаат да ја заштитат својата приватност“.

Полицијата тврди дека Фејсбук на тој начин собира податоци за корисниците за да се знае кога е најдобро време да прикажуваат реклами, пишува „Индипендент“.

– Реакциите не помагаат само во тоа да се изразат чувства, туку и му помагаат на Фејсбук како да ја подобри ефективноста на рекламата на вашиот профил – стои во соопштението на полицијата.

Наводно тоа го прават така со цел Фејсбук да воочува според вашите реакции кога сте со добра волја, па во тоа време да ви прикажат реклама на вашиот профил. Кога сме во добро расположение автоматски сме отворени и полесно го прифаќаме рекламирањето.

Ова не е прво обвинување против воведувањето на новите реакции на Фејсбук.

Многу корисници од самиот почеток предупредувале дека воопшто не се воведени со цел за подобра интеракција на социјалната мрежа, туку со цел огласувачите и компаниите полесно да проценуваат што им се допаѓа на корисниците, а што не им се допаѓа и така ја зголемуваат заработката од рекламите.

Прегледи:
332
Објавено на:
14.05.2016