Категории

Полуголи манекенки и маска на Лејди Гага: Прва победа за Тијана Дапчевиќ во ТЛЗП! (ФОТО)

Втората епизода од популарното шоу „Твоето лице звучи познато“ ја обележа многу смеа и забава, но и одлични настапи кои го воодушевија жирито, а атмосферата најмногу ја загреа Тијана Дапчевиќ и манекенките кои настапија со неа.

Тијана овојпат ја имаше улогата на Лејди Гага и песната „Milion reasons“ која ја изведе на ревијата на „Викторија сикрет“ во 2016 година. Полуголите манекенки оставија посебен впечаток кај Андрија, а тоа го забележаа и останатите членови на жирито.

-Лејди Гага е одлична пејачка и неверојатен шоумен, а посебно оваа песна која е огромен хит, многу е тешка за пеење и морав да се намачам, беше искрена Тијана, која одлучи наградата од 1000 евра да ја донира во Центарот за лица со посебни потреби во Скопје.

Со имитациите воодушевија и пејачот Стеван Анѓелковиќ и актерката Драгана Мичаловиќ, кои добија задача да го глумат Тома Здравковиќ и Предраг Ѓоковиќ, а нивната изведба ја крена на нозе публиката.

Ништо помалку впечатлив беше и настапот на Ненад Пагонис, кој настапи како Аксел Роуз, а членовите на жирито посебно ја пофалија неговата способност да ги отпее високите тонови.

Извор: Вистина.мк

Прегледи:
563
Објавено на:
09.10.2017