Категории

Помалку гледајте во часовникот а повеќе во лицата на луѓето околу вас и природата

Можете ли да одлучите една работа денес? Помалку гледајте во часовникот а пвеќе во лицата на луѓето околу вас и природата. Таа навистина има што да ви понуди. Затоа што животот не знае ниту минути ниту часови ни денови, нити месеци. Животот знае само моменти. Мали и убави, прекрасни.Доволно за да одговараат на вашето срце. А што ќе има во нив ќе одлучите вие. Кој ќе биде во нив, одлуката повторно ќе биде ваша.

А кога ќе го успорите животот, како да му се зголемува квалитетот. Дали го забележавте тоа? Посвесни сте за се што се случува околу вас. Гледате со нови очи. Слушате со нови уши. И дишете со полни бели дробови. Но, пред тоа, треба да застанете за момент и да се ослободете се од сите грижи што ги ставате таму. Не ви требаат за ништо. Ниту, пак, сето тоа ќе се случи како што сте мислеке. Ќе се чувствувате добро затоа што конечно го живеете ритамот што го живее вашата душа. Не ви треба повеќе од тоа.

Прегледи:
454
Објавено на:
17.11.2021