Категории

„Помири се со минатото, за да не ти ја уништи иднината“ – Совети за среќно утре од Реџина Брет

Американската новинарка Реџина Брет стекна светска популарност, иако напиша само една колумна со филозофски мисли.

Овие лекции ги напиша жена која била никому потребно, единаесетто дете во семејството, која на 16 години ја пронаоѓала својата утеха во алкохолот, која родила дете на 20 и наредните 18 години била самохрана мајка, а на 41 година го победила ракот на дојка. Тоа е жена која во своите 45 години ја пронашла својата вистинска љубов. Жена, која постигнала успех и изградила блескава новинарска кариера.

Таа одлучи да ги сподели своите најважни лекции на кои животот ја научил.

-Животот е неправеден, но сепак е убав.
-Кога се двоумиш, направи уште еден мал чекор напред.
-Работата нема да се грижи за тебе кога ќе се разболиш. Тоа ќе го направат твоите родители и пријатели. Негувај ги односите.
-Секој месец плаќај ги своите долгови.
-Не мораш да победиш во секоја расправа, можеш да се согласуваш или да не се согласуваш.
-Плачи со некој, тоа е подобро отколку плачење во самотија.
-Можеш да му се лутиш на Бог, ќе те разбере.
-Почни да штедиш за старите денови уште од првата плата.
-Кога се работи за чоколадо, отпорот е залуден.
-Помири се со минатото, за да не ти ја уништи иднината.
-Слободно дозволи твоите деца да те видат како плачеш.
-Немој да го споредуваш твојот живот со нечиј друг. Не можеш да знаеш што тие трпат на својот животен пат.
-Доколку некои односи треба да бидат тајни, немој да се мешаш во тоа.
-Се може да се промени во едно трепкање со окото, но не грижи се: Бог не трепка.
-Длабоко воздивни, тоа ги средува мислите.
-Ослободи се од се што не е корисно, убаво и забавно.
-Никогаш не е доцна за среќно дедтство, но второто детство зависи само од тебе.
-Пали свеќи, користи убава постелнина, носи убав долен веш, ништо не чувај за посебна прилика, затоа што таа посебна прилика е денес.
-Никој освен ти не е одговорен за твојата среќа.

Прегледи:
555
Објавено на:
02.12.2019