Категории

Понекогаш навидум сосема обичните нешта во себе кријат бесценето богатство

Секое утро, во едно мало богато кралство, некој просјак без збор му носел на кралот по едно јаболко, а потоа заминувал.

Секое утро, во едно мало богато кралство, некој просјак без збор му носел на кралот по едно јаболко, а потоа заминувал. Кралот, кој бил навикнат да прима многу поскапоцени порадоци од тоа овошје што секое утро пристигнувало, сакал да се нашали на сметка на просјакот кога тој ќе заминел.

Сите во кралскиот двор го имитирале кралот, затоа што вистински не би било соодветно да не пристапуваат онака како што тој смета дека е правилно.

Просјакот не се обесхрабрувал и секое утро повторно доаѓал и му го предавал својот подарок на кралот во неговата рака. Иако тоа веќе му здосадило, кралот сепак го примал подарокот со вештачка насмевка а потоа ги оставал јаболката во една кошница.
Била преполнета и веќе немало место за повеќе овошје кое просјакот со љубов, внимание и трпеливост му го носел.

Еден ден, омилениот мајмун на кралот зел едно јаболко и го одгризал, а потоа паднал пред кралот. Кралот, целиот вчудоневиден, забележал во средината каде што било одгризано јаболкото, голем блескав дијамант.

Истиот миг наредил да се отвори сето овошје кое било насобрано во кошницата и во секое од јаболката нашол по еден дијамант.

Сеуште зачуден, кралот го повикал необичниот посетител и побарал објаснување. Тој му одговорил: „Ви ги носев сите овие дарови за да сфатите дека животот секое утро ви нуди посебен подарок на кој вие заборавате поради големото богатство со кое сте опкружени. Тој дар е секој нов ден кој започнува.“

Многу нешта изгледаат доста важни, но постои едно добро кое надминува се и кое е како дијамант сокриено во нашето срце – тоа е насмевката која ја подаруваме на оној на кој им е потребна. Дали секое утро некому му го носите тој подарок?

Прегледи:
487
Објавено на:
30.04.2020