Категории

Понекогаш во твојот живот влегува некој и сите нешта паѓаат на свое место

Понекогаш едноставно запознаваш некого и веќе ти е јасно дека вие двајца на некој начин припаѓате заедно.

Како љубовници, како пријатели, како семејство или како нешто сосема поинакво.
Едноставно си припаѓате еден на друг, сакате да создавате нешта заедно и сте „партнери во злостор“ на секој можен начин.
Веќе е јасно уште од прва дека нема да можете да останете разделени никогаш повеќе.

И таквите луѓе најчесто се појавуваат одеднаш, кога немаш поим ни што бараш нити што сакаш од животот, едноставно се појавуваат и веќе се ти станува јасно, веќе точно знаеш во која насока треба да се движиш и тие се тука да бидат покрај тебе.
Можеби е чудно како на тој начин функционираат нештата, како свемирот да се обединил и да ги скроил сите патишта да ве доведат еден до друг.

И можеби некој ќе каже дека тоа е чиста среќа а не судбина, но љубовта е премногу комплицирана за да може да се појави на толку едноставен начин..

Понекогаш, едноставно чудата постојат.

Прегледи:
596
Објавено на:
10.10.2020