Категории

Популарен тренд: Фармерки украсени со везови

Откако минатата година, трендсетерките беа опседнати со тексас парчињата украсени со беџови и апликации, оваа сезона на сцена настапи нов исто толку впечатлив и необичен тренд, а тоа се везовите. Цветните колоритни везови надоградени со монистри и нитни станаа абсолутен хит откако популарните high street брендови лансираа колекции фармерки а откако овој срамежлив тренд беше прифател со големо воодушевување, тие се охрабрија и одлучија да го пренесат и на останантите парчиња како тексас јакни, кошули, ташни и чевли. Без сомнение овој тренд ќе ја обележи претстојната топла сезона.


Прегледи:
618
Објавено на:
01.03.2017