Категории

Популарната пејачка објави прва фотографија со свршеничкиот прстен (ФОТО)

Иако неодамна ја раскина врската со познатиот рапер Дрејк, изгледа дека на атрактивната пејачка Џенифер Лопез и’ се смешка уште еден брак.

Имено, новото момче на пејачката е безбол-играчот Алекс Родригез, кој на времето беше во љубвна врска со Мадона. Сакајќи да ја држат љубовта далеку од очите на јавноста, Џенифер и Алекс тајно отпатувале на Бахамите, каде што уживаат во приватно одморалиште.

„Моментално уживам во животот и среќна сум“, кратко искоментира Џенифер.

Сепак, пејачката објави фотографија од одморот, со која успеа да ја заинтригира јавноста.

 

Lets have a Picnic!!! #momlife #mamaandsontime #LOVE ?: by Maximilian

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Џенифер позира за време на пикник, а на сите им го привлече вниманието огромниот дијамантски прстен на прстот резервиран за свршенички. Меѓутоа, сите не веруваат дека врската на пејачката е вистинита.

„Таа врска е лажна, исто како што беше и врската со Дрејк. Таа е кралица на исценираните врски“, наводно изјавил нејзин поранешен вработен.

Прегледи:
332
Објавено на:
13.03.2017