Категории

Поради временските услови фестивалот „ЕНТЕРФЕСТ“ се одложува за 29. август до 2. септември

Најголемиот музички спектакл кој беше најавен дека ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на надворешната и внатрешната сцена, поради лошите временски услови на најавените датуми, ќе се одржи од 29. август до 2. септември.

„Поради целиот концепт на фестивалот, од особено значење се поволните временски услови за да не дојде до пречки во програмата најавена на Ентер Фест“. Тоа е причината поради кој се одлучивме овој голем музички настан да започне на 29. август и да трае до 2. септември. Го избравме овој период од летото бидејќи временските услови ќе бидат одлични, а публиката ќе биде вратена од годишните одмори. Тоа што го најавувавме ќе биде реализирано, како и многу други изненадувања, се со цел љубителите на музиката да доживеат вистинско музичко уживање. Се гледаме на Ентер Фест“!“, велат организаторите.

Сите купени билети за петдневниот фестивал ќе бидат валидни и за новиот термин на Ентер Фест“.