Категории

Порака до сите оние кои поминале низ пекол – Светот не би бил ист без вас

Жал ми е што светот никогаш не бил љубезен спрема тебе. Но дали знаеш што? Се гордеам со тоа што си сеуште тука. Се гордеам со начинот на кој успеа да оздравиш и покрај сета суровост со која си бил опкружен. 

Жал ми е што овој свет не бил секогаш љубезен спрема твоето срце. Жал ми е што даваш толку многу од себе на луѓе кои прават да се чувствуваш како да е тешко да бидеш сакан, луѓе кои прават да чувствуваш дека мораш да се извинуваш поради тоа што се грижиш премногу.
Жал ми е што си искусил одредени нешта и што постојат такви луѓе кои те натерале да сомневаш во љубовта и добрината. Жал ми е што љубовта не е секогаш сигурно место, и што не секогаш била твое прибежиште.

Жал ми е што светот не успеал да ја заштити твојата душа. Што си наидел на битија кои биле повредени и за возврат те повредиле тебе. Жал ми е што си морал да го носиш сиот товар во себе, за сите нешта кои си морал да ги издржиш, за сите нешта кои не си бил спремен но сепак си морал да ги пребродиш.

Жал ми е што светот ти одземал толку нешта. Што ти одземал драги личности, што те предизвикал на сите начини на кои си бил толку кревок. Жал ми е што одземал толку парчиња, што те оставил празен и ти ја распрачил надежта. Најмногу од се ми е жал што си морал да го издржиш сето тоа сосема сам.

Жал ми е што светот никогаш не бил љубезен спрема тебе. Но дали знаеш што? Се гордеам со тоа што си сеуште тука. Се гордеам со начинот на кој успеа да оздравиш и покрај сета суровост со која си бил опкружен. Горд сум на личноста во која се претвори, и како успеа да се издигнеш од пепелта, како го победи мракот. Се гордеам поради твојата надеж, за тоа што сепак одбра да живееш. Ти никогаш не го заслужи сето тоа кое ти се случи. Но еве си, сеуште си тука, и ти си една прекрасна и силна личност.

Прегледи:
531
Објавено на:
06.09.2020