Категории

Порака за сите идни родители: Не бидете во заблуда, бебето ќе ви го промени животот и тоа вака…

Откако ќе дознаат дека ќе станат родители, младите парови се соочуваат со голем број на заблуди. Една мајка решила да напише и да ја претстави листата со најчестите, се со цел да може да им помогне на сите мајки и татковци полесно да се снајдат во новата улога.

Мислите дека знаете се, бидејќи читате книги за родителство

Познатата блогерка и пред се мајка, Сара Котрел, опишала неколку заблуди кои и самата ги имала после раѓањето на нејзиното дете, се со цел да им помогне на младите луѓе кои допрва ќе се испобаат во улогата на родител.

За тоа што мислите дека теоретски го знаете, во пракса ќе се покаже сосема спротивно. Затоа немојте премногу да се занимавате со литература, нема да ви биде од голема помош кога бебето ќе стигне.

Сите ќе се натпреваруваат кој повеќе да ви помогне

”Вистината ќе излезе на виделина веднаш откако ќе го добиете бебето. Кога го родив своето прво дете, почувствував неверојатен недостаток на внимание, интересирање и помош. Морав сама да се снаоѓам.”

Мајчинството е многу лесно

”Книгите ме убедија дека мајчинството ќе биде многу просто, односно дека во едната рака ќе може да го држам бебето, а со другата да го мешам ручекот да не загоре, да читам… Погодите што? Ме лажеа. Сè се промени, обврските само се зголемуваа, а времето си поминуваше.”

Килограмите ќе исчезнат после пораѓањето

Сара нагласува дека после породувањето била гладна цело време. Иако верува дека на некои жени, благодарение на доењето, килограмите им се намалуваат, но таа сепак не е помеѓу нив. Нејзината килажа после породувањето се зголемила за 10 килограми.

Социјалниот живот останува ист

Во првата година од родителството, Сара предлага да не ни помислувате на излегување со другарките. Бебето има влијание врз друштвениот живот на родителите и тоа поприлично.

Дали Вие се сложувате со оваа мајка?

Прегледи:
609
Објавено на:
09.03.2016