Категории

Поранешната девојка на Тоше Проески се омажи и има син

Андријана Будимир, поранешната девојка на трагично загинатиот Тоше Проески, денес е на чело на ракометното училиште во Македонија и работи како тренер. Српските медиуми напишаа дека пред три години се омажила за скопски угостител, со кој го има двегодишниот син Максим.

После смртта на Тоше, Андријана се повлече од јавноста, кога мораше на суд да докаже дека била во врска со Тоше. Андријана и Тоше беа во врска од 2001 до 2004 година, а три години подоцна ја обновија врската.

Тоше загина во сообраќајна несреќа во Хрватска на 16 Октомври 2007 година.

Прегледи:
1918
Објавено на:
13.09.2016