Категории

После бурниот развод, овој паметен маж испрати моќна порака на која можеме да се восхитуваме

Како и многу луѓе ширум светов, Шан Вален и неговата поранешна сопруга поминале низ бурен развод. Имале многу невкусни ситуации, како што била таа кога требало да доаѓа полиција за да ги раздели кога имале една од оние ,,сочни,, караници околу децата, и единствениот начин на кој што комуницирале било преку адвокати.

Вален бил премногу бесен на својата поранешна сопруга, особено на нејзиниот нов сопруг. Разведениот пар имаат три деца. Оваа ситуација продолжувала многу години. Но од скоро, нивниот однос е сменет на подобро-на некој начин е дури инспиративен.

Вален споделил слика на Фејсбук од неговото соединето семејство, заедно со приказна исполнета со надеж за оние кои поминуваат низ слична фаза.

Неговата цел се исполни. Сликата сега има околу 350, 000 лајка и повеќе од 90,000 споделувања.

Нашите три деца и нивните две деца.

Вечерва, тие ме поканија на вечера.

Пред пет години, таа и јас требаше да бидеме разделувани од полиција кога ќе почневме со нашите караници.

Комунициравме само преку адвокати.

Сакав да го истепам нејзиниот дечко (сега сопруг).

Вечерва скршивме леб, се смеевме, игравме со децата и си поминавме прекрасно.

Никогаш не се предавајте.

МИР е изборот.

Тоа е ТВОЈОТ избор.

Не НИВЕН.

Тоа што го прави твојот поранешен партнер е НЕРЕЛЕВАНТНО.

Ти избираш ШТО и КАКО ќе направиш.

Ти избираш ШТО и КАКО ќе кажеш.

Дури и ако се обидуваат да се борат со тебе.

ОСОБЕНО ако се обидуваат да се борат со тебе.

Изберете да живеете во МИР.

Прегледи:
321
Објавено на:
27.09.2016