Актерката на премиерата на филмот „The Breadwinner“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто била во придружба на децата.
Актерката Анџелина Џоли повторно е во центарот на вниманието во светските медиуми. Таа заедно со ќерките Шајло, Вивиен, Захара и синовите Нокс, Пакс и Медокс прошета по црвениот тепих на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.
Иако блескала и не ја симнувала насмевката од лицето, многумина повторно забележаа дека е преслаба.
Актерката која се појавила во бел комплет, позирала пред фотографите, но не се одвојувала од децата.
Неодамна Џоли се сретна и со поранешниот партнер Бред Пит, со кој, како што рече, сакала да си ги поправи односите.
Извор : Вистина.мк