Познатата дива не ја гледаме често во вакво модно издание
По враќањето од одмор, Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез беа забележни на семеен ручек во еден њујоршки ресторан заедно со мајката на популарната пеачка – Гвадалупе.
За оваа прилика, Џеј Ло избра модел на фустан кој е нетипичен за нејзиниот стил. Таа носеше прекрасен бел кошула-фустан со цветни везови на рамената и ракавите, потпишан од модната куќа Valentino. Лепршавата летна комбинација ја заокружи со сандали на висока пета од брендот Vince Camuto.