Категории

Последни денови како прва дама – Меланија Трамп во уште едно луксузно модно издание

Последните денови како прва дама, Меланија Трамп ги поминува најстилски што може.

Откако пред Белата куќа ја дочека божиќната елка висока 5 метри, наскоро поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп со сопругот Доналд организираше традиционално помилување на мисирка воочи Денот на благодарноста а го привлече вниманието на јавноста со својот моден избор.

Како и секогаш, така и овој пат, Меланија го задолжи својот долгогодишен стилист и дизајнер, Herve Pierre.

Својата славна клиентка, Pierre одлучи да ја облече во модел од капут од твид со потписот на италијанското дуо Dolce&Gabbana кој беше претставен на јавноста во склоп од нивната минатогодишна колекција наменета за зимската сезона.

Иако се работи за капут од минатогодишната колекција на италијанскиот бренд, тој е достапен на поедини страници по цена од 2,000 евра.

Под капутот, Меланија носеше комплет здолниште до колена кое е дело на нејзиниот личен стилист.

Прегледи:
570
Објавено на:
03.12.2020