Категории

Поставете јасни граници кои нема да си дозволите ни на себеси ни на другите да ги преминат

Поставете си сопствена граница која никогаш нема да си дозволите на себеси а и на другите да ја преминат. Сочувајте го својот мир и вашата среќа.

Наместо да го подигнувате сопствениот стандард и да им се прилагодувате на сите, што ќе ве доведе до сигурен и брз начин до точка кога ќе се најдете во слепа улица, изморени и со испразнета душа, поставете си сопствена граница која никогаш нема да си дозволите на себеси а и на другите да ја преминат. Сочувајте го својот мир и вашата среќа.

Поставете граница за вашата сопствена негативност
Во животот секогаш ќе постојат ситуации и околности кои ќе ве испровоцираат, но зошто себеси дополнително да се казнувате со своите негативни чувства. Едноставно кажете си: „Доста ми е од негативноста, што добивам со овие натрупани мисли? Зошто да им дозволувам да ја одредуваат насоката во која ќе се движи мојата иднина?“
Потрудете се да ги заменувате вашите негативни мисли со позитивни во секоја прилика.

Поставете граница за сопственото потценување
Не се потценувате себеси во оној миг кога ќе кажете дека не можете да направите нешто, се потценувате тогаш кога во вашите мисли се уверувате дека тоа е вистина. Тука ставете една јасна граница. Немојте да се плашите од тешките околности, високите стандарди, успехот на другите луѓе или нешто слично. Можете само да се плашите од тоа никогаш да не ја искористите вашата сила и потенцијал која ја имате. Вашиот потенцијал е навистина неограничен, сфатете го тоа.

Поставете граница за токсичните луѓе
Сакате да бидете толерантна личност која ги прифаќа сите луѓе, но навечер се чувствувате исцрпено и тешко, иако никогаш не сте направиле ништо освен тоа што сте биле во друштво на некои луѓе. Луѓе од чие присуство избива негативност, луѓе кои го исцрпуваат секој атом од вашата позитивна енергија. Таквите луѓе постојано наоѓаат некои замерки, критикуваат, осудуваат, демотивираат, се жалаат. Тие се токсични. Одвојте се до нив колку што е можно побрзо, за подоцна да не е премногу доцна.

Поставете граница за вашата пасивност
Секој до нас има денови кога не сака да прави ништо, и кога сака само да се излежува. Но проблемот е тогаш кога тие денови ќе станат секојдневие и ќе завладеат со нашиот живот. Поставете си граница и сфатете дека, колку и да не сакате нешто да правите, сепак е крајно време да тргнете напред во животот.

Поставете граница за вашето минато
Често кога не сме задоволни со сопствениот живот бегаме во некое далечно минато кога се било многу подобро. Тоа време е најголемата замка и цената на тоа бегство ќе биде наплатена во иднина. Сфатете дека сегашноста е повеќе од време, таа е и вашиот живот и колку повеќе ја заобиколувате, толку повеќе ќе имате каење во иднина. Поставете си граница за своето минато, живејте во сегашноста.