Категории

Постои разлика помеѓу мажот кој те почитува и мажот кој само те посакува

Понекогаш на жените им е поважно да се чувствуваат посакувани па забораваат на почитта спрема самите себеси

Вниманието е добро, ни годи додека се чувствуваме посебно. Тоа е моментално задоволство. Се чувствуваме убаво кога мажот ќе ни пријде и ќе флертува, сакаме кога ни доделува комплименти кој прават да се чувствуваме убаво. Но постои разлика кога некој не посакува и кога некој не почитува.

Почитувањето е потешко, за него е потребно време. Потребно е време за да се препознае нечија вредност, за да се разбере зошто некој верува во она во кое верува. Потребни се длабоки разговори и треба да ти биде грижа за некого за до почитуваш.
Да бидеш посакувана и почитувана се две потполно различни нешта, но секогаш треба да тежнееш кон тоа некој да те почитува.
Можеби ќе ти се допадне тоа кога ќе се чувствуваш посакувано, но тоа не значи ништо ако таа личност не те почитува. Немој да бидеш со некого затоа што тој има пријатен глас и е добар со зборовите и прави да се чувствуваш добро.
Може да се случи таа личност да се заврти против тебе и тие зборови да се претворат во ѓубре. Секој сака да му се допадне на другите, и тоа е во човековата природа, но лесно можеш да се изгубиш во мигот. Лесно можеш да ги отфрлиш вредностите за ноќ и да му дозволиш на телото да го превземе водството. Лесно е да се бакнуваш со маж кој ќе го запознаеш во ноќен клуб, лесно е да донесеш одлука додека си пијан, но кога ќе се разбудиш изутрина ќе имаш чувство дека тој човевк не те почитува. Тоа е грозно, тој те посакувал и те искористил.

Немој да паднеш во прегратка на некого кој не те почитува и само сака да спие со тебе. Сети се како ќе се чувствуваш потоа, немој да го прифаќаш тоа.
Немој да им дозволуваш да го земат она најдоброто од тебе. Кога не те почитува, ќе те искористи и ќе те остави повредена, а ти ќе се прашуваш што си направила погрешно.
Треба да се почитуваш самата себеси за да го добиеш почитувањето од другите.
Вложи во себеси, покажи си љубов и грижа и поченеш да ја забележуваш сопствената вредност. Ќе почнеш да се почитуваш самата себеси повеќе и тогаш ќе бараш почитување и од другите.

АКо некој не те почитува, исфрли го со нога од твојот живот затоа што вниманието не е вредно на мачењето кое ќе си го дозволиш после тоа внимание.

Прегледи:
900
Објавено на:
18.12.2019