Тие се луѓе кои веруваат во чуда, и пред се веруваат во себе. Тие се едноставни луѓе кои сакаат да го живеат животот на невообичаен начин.
Постојат луѓе кои сите препреки ги претвораат во можности затоа што не гледаат на таквите нешта како на граници, туку како на лекции од кои можат нешто да научат. Тие луѓе се пред се луѓе кои се свесни за своите можности и потенцијал. Добро се познаваат себеси и знаат дека поседуваат многу повеќе сила отколку што сомнежите ги тераат да веруваат.
Тие не гледаат околу себе додека чекорат по својот пат. Не гледаат кон другите и нивните достигнувања, тие се фокусираат само на себеси и она што се наоѓа пред нив. Тие се предизвикуваат себеси со секој нов чекор кој ги заплашува, не секогаш ги избираат правилните нешта, прават грешки, добиваат порази, но не веруваат во крај. Одбиваат да веруваат дека се завршува со првиот пад.
Постојат луѓе кои можат да направат нешто големо од нешто просечно. Затоа што умеат да пронајдат убавина во се. Не, тие луѓе не се посебни, нити имаат некои посебни привилегии. Тие се луѓе кои веруваат во чуда, и пред се веруваат во себе. Тие се едноставни луѓе кои сакаат да го живеат животот на невообичаен начин.