Роџер Федерер не успеа да се пласира во полуфиналето во Монте Карло, загуби од Жо Вилфред Цонга, кој беше подобар од швајцарецот со 2:1 во сетови.
Третиот тенисер во светот имаше одлична игра во првиот сет, но потоа подзастана, а тоа беше искористено од Цонга, кој имаше два неверојатни сета, во кои успеа да го сврте резултатот и да си го трасира патот кон полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло.
Но поенот на мечот дефинитивно му припаѓа на Роџер Федерер, кој ги собра овациите од трибините, со што потсети на неговите славни денови од минатото.
ICYMI: A gorgeous finish by @rogerfederer to this great rally against #Tsonga. https://t.co/diWucaV3RV
— TennisTV (@TennisTV) April 16, 2016