Категории

Потрага по Совршената Жена – Приказна со силна порака

Сите трагаме по совршенство..

Студентите почнале да го прашуваат својот професор:
„Вие сте многу мудри и искрени. Сите ве почитуваат, сакаат да бидат како вас и да ве следат. Но сепак, сите нас многу не интересира едно нешто, зошто сеуште не сте се ожениле?“

Професорот, изненаден од ова прашање, во почетокот негодувал, но набрзо се отворил и почнал да раскажува:

„Видете, јас секогаш ја барав Совршената Жена.
Во таа потрага, пропатував многу земји. Еднаш сакав една преубава девојка. Беше неверојатно, неверојатно убава. Ниеден маж не можеше да и одолее на нејзината убавина. Но, за жал, нејзината душа немаше таква убавина, па после извесно време се разделивме.

После тоа, сретнав уште една млада девојка. Таа беше и убава и паметна и образована. Но, за жал карактерите ни беа потполно различни и моравме да ја прекинеме нашата врска.

Од тогаш, видов премногу прекрасни жени, но сеуште трагав по онаа Совршената.“

„И што се случи, зарем никогаш не сретнавте таква?“

„Сретнав. Ја сретнав, еден ден се појави баш таква: Совршена Жена – паметна, убава, магепсувачка, продуховена, елегантна, добра… со прости зборови, вистинско совршенство!“

„И тогаш сте се се ожениле?“ – воодушевено и нестрпливо прашаа студентите.

„Не! На мое големо разочарување, се испостави дека таа бара Совршен Маж!“

Многу бараат совршенство кај другите но не работат на своето совршенство.

Прегледи:
510
Објавено на:
20.02.2020