Категории

Потребни се само 3 состојки: Направете ефикасно средство за отстранување на шминка!

Не само што е тешко да најдете средство кое навистина може да ја отстрани целата шминка, туку и тешко е да пронајдете средство кое ќе ја отстрани, а притоа нема да ја иритира кожата.

Еве едно такво, кое можете да го направите дома – ќе ја отстрани шминката, а кожата ќе ви биде мека и мазна. Единствено што треба да имате на ум е дека ако имате масна или кожа склона на акни, можеби би требало да ставите помалку кокосово масло, за да ја прилагодите смесата според вашата кожа.

За да направите средство за отстранување на шминка, потребно ви е:

  • шолја зовриена и оладена вода
  • лажичка и пол шампон за бебе
  • лажичка кокосово масло
  • 1-3 капки есенцијално масло од лаванда

Најпрво растопете го кокосовото масло додека не стане течно, а потоа помешајте го со вода, шампон и есенцијалното масло. Истурете ја оваа мешавина во шишенце и промешајте го за да се соединат состојките. Најдобро е ова средство да го чувате на ладно и темно место и во шишенце кое ќе може да го притиснете за да го користите средството полесно.