Категории

Потрошила милион долари за да живее во розев свет

Запознајте ја Китен Кеј Сера, најрозевата личност во светот. Таа толку многу ја сака розевата боја, што 35 години нема облечено облека во друга боја.

52 годишната Китен живее во Холивуд, во розева куќа, со розев мебел, а дури и има розево куче.

Таа ја носи титулата за “најрозева личност на светот”, а тоа најверојатно го прослави со розев шампањ.

“Целиот мој живот го посветив на розевата боја. Некои луѓе мислат дека сум чудна, но всушност, јас сум многу јака и неверојатна личност” – изјави Китен.

2

Но, ако мислите дека оваа опсесија е евтина, размислете уште еднаш. Китен признава дека цената на “розевиот” живот изнесува повеќе од милион долари. Таа работи како глумица, пејачка, ТВ водителка, а нејзиниот дом и нејзиното куче се многу популарни меѓу славните личности и дизајнери.

А, се прашувате во што спие? Во розева школка со бисери и секако, розеви листови.

3

“Носењето на розева боја ми помага да се истакнам и да покажам колку сум јака и колку се чувствувам живо кога ја носам. Живееме еден живот, а јас сакам мојот живот да се памети по розевата боја” – заклучи Киттен.

4

5

6

7

8

Прегледи:
422
Објавено на:
06.07.2016