Категории

Поважно е да бидете она што сте, отколку да се трудите постојано да бидете позитивни

Многу научници веруват дека негативното размислување е знак за поздрав ум. Ова, исто така, делува и на телото кое се заштитува и предупредува на опасностите. Често кога чувствувате лутина или депресија, телото ни дава знаење дека нешто не е во ред и дека нешто треба да се поправи.

Кога ги потиснуваме негативните емоции, истите ги притискаме подлабоко во нашата свест и нашето тело. Ова предизвикува повеќе стрес, поголема анксиозност и подолго чувство на депресија.

Негативните чувства не треба постојано да ги чувате блиску до себе, но важно е да ги препознаете и да им се посветите. Обидете се да разберете што сакаат да ви го кажат вашиот ум, телото и душата.

Само кога навистина ќе ја ослободиме болката можеме да бидеме ослободени од негативното размислување. Ова може да се постигне кога ќе научиме како да го прифатиме нашиот гнев и другите негативни емоции.

1) Не се плашите од негативните мисли, никој нема да ве казни поради нив.
2) Користете ги негативните мисли како потсетник дека нешто не е во ред со вашето тело, вашиот ум или душата, и дека нешто треба да се реши.
3) Прифатите ги твоите негативни емоции без чувство на срам или вина.
4) Негативните емоции немаат врска со вас или со другите луѓе, туку имаат врска со одредените ситуации.
5) Не мора веднаш да ги отстраните вашите негативни мисли, но мора да бидете свесни дека треба нешто да превземете во врска со нив.

Во ред е да чувствувате негативност, но доколку не почнете да ја менувате енергијата само ќе се чувствувате полошо. Еден од најмоќните начини на кој можете да го намалите вашиот гнев и негативноста е да си дозволите да ги почувствувате без отпор. На овој начин ќе научите од каде доаѓаат и како можете да ги промените овие навики.

Прегледи:
535
Објавено на:
02.04.2020