Ким Кардашијан (41) е во врска со 13 години помладиот Пит Дејвидсон.
Како што јавуваат странските медиуми Ким Кардашијан (41) ја потврдила врската со Пит Дејвидсон (28), откако е забележана како се држи за рака со него во Палм Спрингс.
Парот наводно се наоѓа на гости кај мајката на Ким, Крис Џенер, што потврдува дека е во прашање сериозна врска.
Пит е првиот партнер на ријалити ѕвездата откако се разведе од Кание Вест во февруари оваа година.
Но, кој е Пит Дејвидсон, дечкото кој носи пижами сред бел ден, ја фарба косата и ги лакира ноктите во силни тонови?
View this post on Instagram
Пит Дејвидсон е американски комичар, писател, актер и продуцент. Како јавна личност се појавува на сите значајни настани во светот на забавата. Досега е познато дека се забавувал со Кејт Бекинсејл, а беше верен со Аријана Гранде.
Пејачката напишала песна за Пит Дејвидсон во која рекла дека неговиот полов орган е преголем, а дека со него била само за да ги тргне мислите.
Дали е Ким со него поради љубов или преголеми очекувања, останува да видиме!