Категории

ПОВЕЌЕ ОД ГОЛ – MOZZART ЗА СЕКОЈ ПОГОДОК НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ДОНИРА ПО 5.000 ДЕНАРИ ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ!

Филип Кузмановски: Ќе дадеме се од себе, не само да победуваме, туку и да постогнеме што поголем број голови

Тоа е повеќе од гол, повеќе од игра! Нашите ракометари во четврток стартуваат на Европското првенство во ракомет, а во секој напад ќе имаат дополнителен мотив – компанијата Mozzart за секој нивен погодок на Шампионатот на Стариот континенет ќе донира по 5.000 денари во хуманитарни цели.

Нашата репрезентација првиот меч го игра утре против Словенија, а во групата А ќе се соочат уште и со Црна Гора и Данска. Не е лесна задачата која го очекува тимот на Кирил Лазаров и затоа е многу важно да им се даде на момците ветар во грб. Низ оваа традиционална акција, Mozzart секогаш пробува да го извлече најдоброто, но и најхуманото од спортистите, кои со воодушевување ги поздравуваат ваквите иницијативи.

Филип Кузмановски, еден од најдобрите стрелци во нашата национална селекција, испрати порака за поддршка:

“Со задоволство се вклучив и во оваа хуманитарна акција на Mozzart. Пред една година имавме успешна донација, и средствата завршија за лекување за малиот Михаил од Тетово. Сакам да му се заблагодарам на Mozzart што ме одбраа мене да учествувам и во оваа хуманитарна акција. Јас и моите колеги како и на секој досегашен натпревар на Македонија, така и на Европското првенство, ќе го дадеме максимумот за што подобар резултат и повеќе голови, а со тоа износот на донацијата да биде поголем.” – порача сјајниот лев бек Кузмановски.

Членот на Хановер е веќе препознатливо лице во акциите на Mozzart, бидејќи и претходно беше дел од многу кампањи, а сега и целиот национален тим ќе игра на хуманост по асистенција на оваа друштвено одговорна компанија.

“Целата земја во наредните денови ќе биде со ракометарите, кои играат во многу тешка група. Затоа решивме да им пружиме дополнителна поддршка и да ги мотивираме да постигнуваат голови. Веруваме дека момците ќе бидат разиграни и дека таа добра енергија, односно учеството во оваа акција ќе ги турне кон победи. А ние заедно со навивачите со дополнителен жар ќе го прославиме секој погодок, бидејќи знаеме дека тоа го зголемува фондот за хуманост и дека помошта ќе отиде таму каде е најпотребна.” – нагласија од менаџментот на компанијата Mozzart.

Прегледи:
430
Објавено на:
12.01.2022