Скопје повторно се тресе. По земјотресот од 3,2 степени ноќеска, серија помали афтер шокови биле регистрирани од Сеизмолошката опсерваторија. Според информациите, последниот потрес бил регистриран околу 11:20 часот претпладнево, но бил со исклучително слаба магнитуда од околу 1 степен според Рихтер, па граѓаните воопшто и не го почувствувале.
Тлото се тресело со исклучително слаб интензитет и во текот на ноќта.
Експертите велат дека тоа е нормална работа по поголеми потреси, повредено да има и помали и дека нема простор за паника.