Категории

Позитивни и негативни карактеристики на луѓето родени во знакот на Вага

Луѓето родени во знакот на Вага се љубезни, нежни и вљубеници во убавината, хармонијата и мирот. Меѓутоа, трудејќи се да ги усреќат другите, тешко им е да кажат “НЕ”, и како резултат на тоа, тие се под стрес. Тие имаат многу позитивни особини, но и некои негативни. 

Позитивни страни

Тактичари

Луѓето родени во знакот на Вага се експерти во справувањето со проблемите, ситуациите и задачите, но сепак не може да се каже дека се лукави. Тие се премногу добри за да можат да ги злоупотребуваат емоциите на другите луѓе.

Романтични

Со нив владее планетата Венера и тие се екстремно романтични личности. Без разлика што прават во животот нив ги водат љубовните емоции.

Шармантни

Тие додека зборуваат го шармираат соговорникот и прават луѓето да се чувствуваат среќни во нивно друштво.

Праведни

Имаат силно изразено чувство и потреба за правда и фер игра. Тие можат вешто да се извлечат од некоја ситуација, но не на сметка на некој друг, туку преку свои методи со кои располагаат.

Дипломати

Тие се добро познати по своите дипломатски вештини и способни се да сослушаат секого со трпение.

Негативни страни

Површни

Родените во знакот на Вага честопати знаат да се занесат по надворешната убавина, до тој степен што може да ја игнорираат внатрешната убавина и сите квалитети со кои располага личноста.

Нестабилни

Вагите лесно можат да потпаднат под влијание на други луѓе и склони се кон постојано менување на мислењето. Поради тоа, тешко е да сфатите дали ќе го одржат ветувањето.

Неодлучни

Една од најтешките работи за Вагата е да се одлучи. Кога ќе се соочи со избор, тешко е да одберат што е најдобро за нив, што може да биде голема препрека на патот.

Прегледи:
1120
Објавено на:
27.09.2018