Дали мислите дека некои познати личности ќе беа толку познати доколку не ги променеа нивните имиња. Секој со својата приказна, ви претставуваме дел од познатите личности кои ги променија своите имиња од различна причина. Емили Џин Стоун Ова е вистинското име на познатата актерка Ема Стоун. Во првите денови од нејзината слава се судрила со друга актерка во шоу бизнисот која се викала исто како и неа. Со цел да им олесни на двете и да не бидат помешани, се решила да го смени своето име во Ема. Шантел Браун-Јанг Можеби досега ја имате препознаено оваа убавина под името Вини Харлоу, но дали сте знаеле дека таа е родена како Шантел Браун-Јанг. Таа објаснува дека уште од средношколските денови го добила прекарот Вини, а и дека се чувствува многу посамоуверено и похрабро со името Вини Харлоу. Јелена Нура Хадид Џиџи Хадид е едно од најдобро познатите имиња во модната индустрија. Но тоа всушност и не е нејзиното вистинско име-таа е родена како Јелена Нура Хадид. Моделот откри дека нејзината мајка, Јоланда Фостер, како малечка ја викала Џиџи. Таа вели на училиште имало девојче кое се викало Хелена, па многу често ги мешале. За да не биде тоа така, почнале да и се обраќаат со Џиџи. Алис Суки Ватерхаус „Одсекогаш ме викале „Суки“, но моето вистинско име е Алис“-вели моделот. Сепак, имало единствено еден човек којшто и се обраќал со нејзиното вистинско име, а тоа е нејзиното поранешно момче Брендли Купер. „Понекогаш може да биде збунувачко, но навистина е добро да се има две имиња со кои ти се обраќаат.“-низ смеење одговара Алис, или Суки. Михаела Рока Познатиот модел е уште позната по името Коко Рока. Нејзината мајка како малечка и се обраќала со„моето малечко Коко“ уште од деновите во забавиште. Блејк Браун Џесика Елен Корниш Решавајќи се да го тргне своето средно име и презиме, Џеси ја превземала првата буква од името и сега е позната како Џеси Џеј. Прегледи: 751 Ознаки: име · познати личности · промена · слајдер Категории: Секојдневие · Шоу-бизнис Објавено на: 26.02.2017