Topshop го откри lookbook-от за новата сензуална празнична колекција полна со парчиња кои ќе бидете сигурни дека ќе ги носите на овогодинешните новогодишни забави и нема да поминете незабележани. Колекцијата обзема со богати ткаенини, животински принтови, метални рефлексии, и гламурозни додатоци кои им овозможуваат на секоја девојка и жена да биде во центарот на вниманието.
Кампањата за празничната колекција вклучува многу познати модели меѓу кои Стела Максвел, Ками Марони, Кејти Грин, и сестрата на Кејт Мос – Лоти Мос.