Категории

Пред да се откажете знајте го ова – Само истрајноста создава победници!

„Не ми е грижа колку е тешко, целта е вредна за сето тоа!“

Сите големи соништа и цели бараат висока цена која треба да се плати за да бидат достигнати. А најчесто тоа е во вредност на издржливост, цврстина и храброст. Одлуката која треба да се донесе не е лесна, но на крајот од патот стои нешто кое може комплетно да го промени вашиот живот на подобро.

Поразите од минатото умеат да влијаат врз начинот на кој гледаме на предизвиците, можат да не натераат да помислиме дека не вреди да се обидеме повторно и најдобро е да се откажеме. Но запомнете дека нити најскапоцените дијаманти не настануваат сами од себе без труд, потребно е многу работа додека да бидат доведени до совршенство, а само едно нешто доведува до тоа – истрајноста во нивното полирање.

Кога ќе се најдете во такви околности кога се двоумите дали да превземете чекор напред и се преиспитувате себеси дали вистински вреди да ризикувате толку тежок пат за некоја премногу висока цел, само кажете „Не ми е грижа колку е тешко, целта е вредна за сето тоа.“

Без оглед на болката и трудот, без оглед на ограничувањата и препреките, најдоброто што доаѓа се наоѓа таму позади сето тоа, а кога еднаш ќе го достигнете ќе сфатите дека ништо од тоа не било толку страшно. Она што е важно е да не се откажувате, затоа што само истрајноста создава победници.