Категории

Предодредени за експлозија од страст: Кои се најдобрите сексуални парови според хороскопот?

Стрелец

Оние кои биле во кревет со припадник на овој знак знаат дека станува збор за искуство потполно различно од сѐ што пробале дотогаш. Тие го задоволуваат партнерот и очекуваат и тој да го направи истото. Сакаат секс кој трае со часови и секогаш се подготвени за уште. Нивните идеални сексуални партнери се Овен, Лав, Близнаци, Вага и Водолија.

Јарец

Припадниците на овој знак делуваат потполно незаинтересирани, но штом ги намамите во спалната соба се претвораат во вистински сексуални ѕверови, кои се посветуваат на сексот подеднакво исто како и на секоја друга задача во животот. Ги привлекуваат паметни луѓе кои ќе ги заинтересираат со нивните зборови, а сексуално се најкомпатибилни со Бик, Девица, Рак, Скорпија и Риби.

Водолија

Тешко е прецизно да се одгатне нивната ексцентричност бидејќи секој ден им одговара нешто друго, но факт е дека имаат силно либидо кое се зголемува со ментална стимулација и заведување. Со вистинскиот партнер со задоволство би се препуштиле на она што некои би го нарекле перверзија. Сексуално најмногу си одговараат со Близнаци, Овен, Лав и Стрелец.

Риби

Припадниците на овој знак сакаат игри на доминација и подреденост во креветот како и фантазии во кои тие се беспомошни и мораат да уживаат „против своја волја“. Колку е подолга врската, толку повеќе тие ѝ се препуштаат и од нив излегува дивата страна. Сексуално се најкомпатибилни со Рак, Скорпија, Бик, Девица и Јарец.

1 2 3

Прегледи:
951
Објавено на:
30.07.2016