Концертниот филм на Тејлор Свифт ќе се емитува на 13 октомври во повеќе од 8500 кина ширум светот.
Истиот трае 2 часа и 45 минути во режија на Сем Вренч.
Филмот се очекува да биде отворен со заработка од 100 до 150 милиони долари само во Северна Америка каде што ќе се емитува во повеќе од 4000 кина во САД, Канада и Мексико.
Во првите 24 часа од продажбата се постави рекорд од 26 милиони долари.
Светската премира ќе се одржи во Лос Анџелес на 11 октомври, а сите фанови на Тејлор Свифт се повеќе од возбудени.