Категории

Прекрасни цитати ќе ве поттикнат да ги гушнете саканите

Прегрнувањето е позитивна и топла форма на комуникација која пренесува љубов, приврзаност, благодарност, пријателска грижа, родителска поддршка.

Секоја прегратка е различна – се состои од различна доза допир и буди уникатни емоции. Прегратките испраќаат и различни пораки – може да велат: „Ми недостигаше“, „Те поддржувам“, „Те сакам“, „Ти благодарам“.

Не постои личност која останува рамнодушна на тој топол физички допир со кој се изразува љубов, грижа, внимание и пријателство.

Иако вчера беше Светскиот ден на прегратките, сепак никогаш не штедете ги прегратките и гушнете ги најблиските.

Во прилог, прочитајте ги следите цитати посвети на прегратките.

„Прегратката на мајката трае долго откако ќе престане.“ 

„Независно колку цврсто ги гушкате вашите пари, тие никогаш нема да ви возвратат.“

„Велат дека Дизниленд е најсреќното место на светот, но очигледно не се нашле во твојата прегратка.“

„Прегратката е како бумеранг, ја добиваш назад веднаш.“

„Кога прегрнуваш дете, секогаш биди последниот кој ќе ги тргне рацете. Никогаш не знаеш колку долга прегратка му е потребна.“

„Тоа е она што го прават луѓето кои те сакаат. Ги обвиваат рацете околу тебе и те сакаат дури и кога не си баш за сакање.“

„Обожавам да се гушкам. Посакувам да бев октопод за да можам да прегрнам десетмина истовремено.“

„Не можеш да ја обвиеш љубовта во кутија, но можеш да обвиеш личност со прегратка.“

„Имам подарок за тебе, но ќе морам да ти ги позајмам рацете како украсна хартија.“

„Понекогаш тивката прегратка е единственото нешто што треба да го кажете.“

„Научив дека постои повеќе моќ во добра силна прегратка отколку во илјадници значајни зборови.“