Категории

Престанете да го лечите оној кој не сака да биде излечен

Внимавајте на кого му пружате помош и поддршка, доколку таа личност сѐ уште цврсто се држи за она што ја скршило, и вие можете да настрадате.

Понекогаш во животот се среќавата со ситуација која ви зборува дека вашето делување за неа е исклучително важно и само вие можете позитивно да влијаете на нез. Многу често таквите ситуации се појавуваат кога се обидуваме да му помогнеме на некоја личност која се нашла во несреќна ситуација од која едноставно не знае или не може да се извлече.

Еден од тие примери е лечењето на скрешните срца кај кои многу луѓе често се вовлекуваат со желба да им помогнат на својот пријател или пријателка да ги пребродат тешките мигови, а таа врска најчесто се претвора во нешто повеќе.

Како и голем дел од останатите животни ситуации, тие немаат само едно едноставно решение, а понекогаш решението треба да се бара и во годините.
Основното правило за кое морате да се држите во таквите случаи е да бидете умерени во пружењето помош на личностите кои ја бараат, затоа што најголемата грешка која можете да ја направите е вие да ја лечите таа личност, а таа истовремено да не се лечи самата себеси.

Зошто е ова толку важно? Поради тоа што здравиот човек мора сам да се држи до своето здравје, и менталното и физичкото. Се додека таа личност не е доволно зрела за да сфати дека е важно прво да си помогне самата на себеси, вашата помош нема да биде доволна. Дури и може да се случи спротивното: таа личност толку многу да се навикне на вашата помош, и потполно да се откаже од себеси и да стане зависна од вас. А тоа не е добро нити за вас нити за неа.

Здрава личност е онаа која е свесна за своите маани и доблести и знае да управува со својата способност затоа што има развиена емоционална интелигенција. Здравата личност е свесна дека животот ќе и донесе компликации, жалост и разни проблеми со кои изградената личност може да се носи.

Прегледи:
486
Објавено на:
20.02.2020