Категории

Престанете да ја барате „вистинската“ личност: Станете таа личност и нека останатите ве бараат вас

Затоа што вие сте личноста која ќе ја држи сопствената рака кога сте скршени. Вие ќе бидете личноста која ќе ве подине секогаш кога ќе паднете..

Што ако би имале шанса да погледнете во кристална топка, во истата секунда, сега – и во неа видите дека несомнено, никогаш нема да сретнете „вистинската“ личност – љубовта на вашиот живот?
Навистина е тажна оваа помисла, се надевате дека таа личност постои или барем некој сличен на таа замисла, некој со кого ќе го поминете остатокот од својот живот.
Не верувате во сродни души, но очекувате дека ќе сретнете некој кој ќе ви се допаѓа. Некој покрај кого ќе се обвиткате на крајот од денот, некој кој ќе се грижи за вас кога ќе се разболите и ќе ги слуша вашите прикани секоја ноќ после работа. Сите се надеваме на тоа. Луѓе сме.
Сите сакаме да ја пронајдеме љубовта – тоа не прогонува секогаш. Но сите мразиме да го признаеме тоа, но љубовта е на чело на нашите акции и кога не е на чело на нашите умови.

Таа е причината поради која излегувате со пријателите кога ќе ве повикаат да го посетите новиот ресторан, таа е причината поради која го купивте новиот парфем, поради која се чувствувате несигурно, поради која размислувате постојано, која ги инспирира вашите промени.

Но што ако навистина би откриле дека таа личност не постои, што би направиле? Дали би се сконцетрирале повеќе на себеси и нештата кои ве прават среќни, на нови хобија, на вашата кариера, на образованието, што би направиле?
Ако постои едно нешто кое треба да престанеме да го правиме е тоа да чекаме некој друг да се појави и да ги промени нашите животи. Едноставно, бидете личноста која ја чекате. Живејте го својот живот како вие да сте љубовта на вашиот живот. Затоа што тоа е единственото нешто кое со сигурност го имате – преку секоја ваша победа, секој неуспех, секој страв и секој успех кој ќе го доживеете, вие сте присутни.

Вие сте личноста која ќе се покаже кога примате награда, вие сте личноста која ќе држи сопствената рака кога сте скршени. Вие ќе бидете личноста која ќе ве подине секогаш кога ќе паднете, ако тоа не се особини кои треба да ги сакате, тогаш кои воопшто се?

Мораме да цените се што донесуваме во нашите живот. Затоа, престанете да ја барате „онаа вистинската“ личност со која ќе го поминете остатокот од животот. Бидете таа личност и нека другите ве бараат вас!

Прегледи:
420
Објавено на:
22.12.2019