Категории

Престанете да се залажувате – 3 јасни знаци дека мажот не е заинтересиран за вас

Доколку се најдете во некоја од следните ситуации, немојте да трошите нити време нити нерви.

Премногу е зафатен за да те види
Сте се запознале преку интернет, за потоа сте се виделе лице во лице – состанокот навистина помина добро. Може да се каже дека и двата сте си поминале убаво. После првиот состанок можеби ти се јави и ти испрати неколку пораки. После тоа, тој има толку многу работа па никако да се видите. Тоа е во ред па си велиш на себеси – допишувањето е баш забавно. Тој ти испраќа некоја слатка порака наутро и навечер, а понекогаш и во текот на денот. Како деновите минуваат, имаш чувство дека го запознава.
Си велиш на себеси дека е баш очигледно дека му се допаѓаш. Зошто воопшто би одвојувал време за да ти се јави ако не му се допаѓаш? И тоа е миг кога започнуваат твоите фантазии. Врз основа на виртуелните разговори, почнуваш да ги толкуваш неговите пораки.

Ако мажот е вистински заинтересиран за тебе, тој ќе најде време за да се види со тебе. Можеби ќе ти биде тешко да го прифатиш тоа, но постојат мажи кои едноставно сакаат да им ипсраќаат пораки на жените, а тој веројатно разговара со уште неколку други жени. Но најважно од се е дека целата таа приказна е губење на твоето драгоцено време.

Тој вели дека не сака врска
Уште при првата прилика на запознавање тој ти кажа дека не сака врска или било што сериозно. Тој продолжува со разговорот и се шегува гледајќи те во очи, а ти не можеш да престанеш да се смееш.
Можеби си помислуваш дека тоа и не се однесува на тебе, и фантазијата започнува. Веќе ти кажал дека сака да се среќавате повремено, но никако во врска. Без оглед на тоа колку интерес покажува, тој не сака одговорност која доаѓа со долготрајната врска. Го губиш своето време на тој човек.

Обрнува внимание на тебе само во присуство на други луѓе
Кога си во друштво, постои тој еден маж кој обрнува внимание на тебе. Но само кога сте во друштво. Во меѓувреме, нити трага нити глас од него. Можеби ти испратил порака на фејсбук или ти лајкнал некоја твоја слика. Меѓутоа никогаш не те поканил за да излезете.
Жените често пронаоѓаат изговори за овој тип на мажи. Веројатно си велиш на себеси дека тој е срамежлив или едноставно нема време. Овие изговори можеби важат некое време, но потоа почнуваш да фантазираш како те повикува на состанок. Мислиш дека сигурно му се допаѓаш.
Реалноста е дека кога мажот е доволно заинтересиран, тој ќе ти даде до знаење. Ќе те повика да излезете. Ќе сака да те види. Дури и мажот кој е срамежлив знае што треба да направи ако сака да те види. Човеко кој вистински го интересираш сака да биде со тебе насамо, па ако веќе долго време нема таква изјава, веројатно и не е баш заинтересиран.

Прегледи:
783
Објавено на:
11.06.2020