Категории

Престанете да се жалите! Полесно е да патите отколку да изберете да живеете среќно!

Зошто сме несреќни? Кои се препреките кои ги среќаваме на патот кон среќата и како да ги надминеме? На сите овие теми, на јасен и луциден начин говори најпознатиот руски психолог, Михаил Лабковски.

1. Не се плашете од среќата

Повеќето луѓе пораснале во семејства кои практикуваат неуживање во животот и каде што членовите на семејството немаат навика да зборуваат за среќата. Неспособноста на родителите да се радуваат и да се смеат се пренесува и на децата, кои почнуваат да мислат дека така функционира овој свет. Друга грешка е размислувањето дека за сето она добро што се случува ќе мора да платите еден ден. Се плашиме да почувствуваме задоволство во животот поврзувајќи го тоа со нешто расипано.

2. Престанете да се жалите

Што сакате да постигнете кога се жалите некому за своите проблеми? Вие сакате да се жалите, а не да го решите проблемот. Полесно е да патите отколку да живеете среќно. Здравата личност ќе се соочи со ситуацијата каква и да е, или истата ќе ја промени. Невротичната личност нема да го направи ниту едното ниту пак другото. Тоа се однесува и на физичката болест – додека психички здравата личност се лечи од болеста, невротичната личност сака да биде болна, бидејќи на таков начин ќе има причина да се жали. Тоа е еден вид на хоби – создавање на проблем и потоа патење поради тоа.

3. Разликувајте ги реалните проблеми од оние измислените

Разликата помеѓу здравата и невротичната особа е тоа што првата се грижи за вистинските проблеми, додека втората пати од непостоечките.

4. Не се обидувајте да им помогнете на сите околу вас

Желбата да се помогне на сите е предизвикана од стравот дека не може да бидете сакани поради тоа што сте, па низ помагањето на другите се обидувате да ја изградите својата самодоверба. Затоа, доколку не ве замолат да помогнете, не губете време на таа личност, туку посветете се на оние на кои навистина им е потребна вашата помош.

5. Не одговарајте доколку не ве прашаат

Кога детално одговарате на непоставени прашања, ја покажувате својата вознемиреност.

 

6. Разликувајте љубов од зависност

Луѓето никогаш не го напуштаат тоа што го сакаат. На пример – пушењето. Јас пушев 37 години, а последните 10 години по 3 кутии дневно. Еднаш престанав да пушам кога докторите ми кажаа дека сум готов. Тоа траеше 1 час и 40 минути. Престанав да пушам тогаш кога си реков дека не ги сакам цигарите, а не дека сум зависен од нив. Невротичните луѓе не можат да разликуваат љубов од зависност.

7. Рутината не е секогаш лоша

Јас се бавам со рутина (читам и предавам) веќе 37 години и се чувствувам прекрасно. Невротичните луѓе не можат да живеат во мир, постојано се плашат да не не стигнат да направат нешто, завршуваат и по пет факултети, секогаш се вознемирени, чувствувајќи непријатност ако не прават ништо.

8. Ги менуваат другите, а не себеси

Тука особено се мисли на одгледувањето на деца. Не може да ги присилите на нешто, доколку вие самите тоа не го правите. Децата го прифаќаат од вас не она што им го зборувате, туку она што го правите и вашиот однос кон другите. Во овој случај многу е корисен советот од стјуардесата: Најпрво ставете ја маската со кислород на себе, а потоа на детето.

9. Премногу лесно реагирате на туѓата критика

Замислете ја оваа ситуација: Вие седите во автобус и влегува стара баба. Погледите од целиот автобус се вперени кон вас и луто ве гледаат, а вие што е можно побргу станувате од вашето место. Зошто го правите тоа кога бабата не го ни побара тоа од вас? Причината се крие во ниската самодоверба и стравот од осудување. Експериментирајте – обидете се да останете на своето место доколку не сакате да станете, без разлика што другите наоколу ќе кажат, не реагирајте воопшто. Со тек на време ќе видите дека туѓата оцена лесно може да се игнорира.

10. Правете го само она што го сакате

Класичен пример за таква ситуација е кога си играте со своите деца само затоа што “така треба”, затоа што сте добра личност, а тоа значи дека мора да си играте со своите деца. Престанете да го правите тоа. Играјте со нив тогаш кога ќе почувствувате желба за тоа, бидејќи и тие ќе почувствуваат доколку го правите тоа поради чувството на должност, а не од заинтересираност. А чувството на должност не е љубов.

 

 

 

 

 

Прегледи:
471
Објавено на:
30.10.2017