Категории

Престани да ги чекаш оние кои одлговлекуваат – Не троши го своето скапоцено време

Дојдов до фаза во мојот живот кога сметам дека е успех да имам само малку повеќе мир отколку што имав некогаш. И не ми треба повеќе од тоа. Знам дека секогаш ќе има работи што ќе ме исфрлат од рамнотежа. Луѓе, моменти.. Но, со текот на времето, нивниот број ќе се намалува. Стигнав до фаза во мојот живот кога сметам дека е успех да не ги чекам повеќе оние кои засекогаш одолговлекуваат и ветуваат нешто големо. Разберете со кој сте на кое место и поставете си ги приоритетите.

Дојдов до фазата на животот кога размислувам како да се ослободам од се што ми ја оптоварува душата, а со текот на времето тоа станува сè потежок товар. Незадоволства, приговори, гнев, одмазда. Не грижете се кој што кажал и што планира. Единственото нешто што можам да направам е да се справам со мојот живот. Станете херој за себе бидејќи животот наскоро ќе стане досаден и неинтересен. И не зборувајте повеќе за тоа кој е виновен. Пронаоѓањето на виновникот нема да го реши проблемот. Само твојата промена го може тоа. Морап да почнеш од неа.

Прегледи:
698
Објавено на:
23.02.2022